Се растеретува сообраќајот: Овие улици ќе бидат еднонасочни во Црниче

Општина Кисела Вода започна со реализација на проект за регулирање на сообраќајниот режим во еднонасочен правец на неколку улици во населба Црниче. Истиот има за цел растеретување на сообраќајниот метеж и подигнување на безбедноста за сите учесници во сообраќајот.

Согласно проектот, ревидиран и одобрен од стручните служби при Град Скопје и МВР, еднонасочни ќе бидат улиците „Партение Зографски“, „Христо Узунов“ и дел од „Серска“, каде активностите се веќе завршени, а ќе бидат опфатени и улиците „Жванска“, „Дамбени“, „Баница“ и „Наум Охридски“.

Дополнително, согласно проектот, на овие улици веќе се поставува хоризонтална и вертикална сообраќајна сигнализација.

Активностите во насока на обезбедување на поголем ред во сообраќајот ќе бидат комплетно реализирани до крај на месецов.

Проектот е целосна инвестиција на општина Кисела Вода.

 
 
25.10.2016 - 16:10

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега