Спасовски го посети СВР Велес

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска го посети СВР Велес, во рамки на посетите кои се реализираат во секторите за внатрешни работи во државата, со цел одблиску да се запознае со моменталните состојби и проблемите со кои се соочуваат. 

- Ова е уште една во низата посети на Секторите за внатрешни работи, кои се исклучително важни во овој период кога МВР ќе има една од клучните улоги за спроведување на фер и демократски изборен процес, а мора да ги вршиме и сите други активности за да се сочуваат јавниот ред и мир и безбедноста на граѓаните, истакна Спасовски.

Како што соопшти МВР, министерот Спасовски бил информиран дека состојбата на подрачјето на СВР Велес е стабилна, а станало збор и за проблемите со кои се соочуваат, како што се недостигот од материјално-технички средства, од човечки капацитети и како тоа да се надминеме.

- Ова е многу сензитивен период и дадов наредби да се постапува ислучиво законски, да ја тргнеме политиката од полицијата и апелирам до сите граѓани доколку почувствуваат било каков притисок или вклучување во изборни активности на било кој вработен во полицијата веднаш да пријават затоа што тоа не е работа на полицијата. Работа на полицијата е да ги штити граѓаните, рече министерот Спасовски.

 
 
25.10.2016 - 19:31

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега