СИТЕЛ: Дипломатски извори - Успешен изборен процес ќе значи признавање на изборите од сите

Ако ништо сериозно не го наруши изборниот процес меѓународната заедница ќе бара од сите политички партии да го признаат резултатот. Дипломатски извори за Сител брифираат дека до сега работите се одвиваат според очекувањата, сите се согласни дека услови за избори има и ако оценката на ОБСЕ биде позитивна нема да може да се бојкотира изборниот резултат.

По изборите, Европската Унија ќе очекува од идната влада да покаже знаци дека лекциите од изминатите 2 години се научени и да спроведе реформи според препораките на Прибе. Ваквото однесување ќе добие валоризација од Европската унија иако проширувањето и натаму не е приоритет на Брисел.

Иако во партиските кругови се шпекулира со поддршката на меѓународната заедница за постизборна широка коалиција, дипломатски извори велат дека тоа не е добитен рецепт. Тоа се покажало и со досегашното функционирање на техничката влада. ИСтовремено, Брисел нема да има барања и очекувања кој да се најде на пратеничките листи бидејќис е работи за одлуки на партиите и електоратот.

Меѓу прашањата кои идната влада ќе треба да ги реши е мандатот на Специјалното јавно обвинителство. Очекувањата се дека меѓународните партнери ќе поддржат продолжување на мандатот на оваа институција но истовремено ќе препорачаат да нес е злоупотребува во изборната кампања. Високи дипломатски извори велат дека активностите на СЈО не треба да бидат муниција во предизборието. НЕ бис е противеле доколку обвинителството на Јанева има помалку јавни настапи до денот на изборите.  Но останува и апелот до сите да дадат поддршка на нејзината работа.

Дипломатите забележуваат значително пдообрување во балансираноста на медиумското известување и се надеваат дека трендот ќе продолжи до и по изборите.

Во извештајот кој Европската Унија најверојатно ќе го објави на 9ти ноември ќе остане препораката за почеток на преговорите за земјава. Покрај името, во извештајот се очекува да бидат назначени очекувањата на Брисел за фер и демократски избори на 11 декември и спороведување на реформските приоритети на Прибе. 

 
 
25.10.2016 - 19:58

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега