Ристовски: За 13 милијарди денари е зголемен буџетот во ресорот образование

Денеска сум во посета на општина Јегуновце на средба со нашето членство, со раководството на општинскиот комитет на нашите поддржувачи за да ги сублимираме досегашните активности, односно се она што беше реализирано во изминатиот период, а кое е дел од ресорот којшто јас го покривам во делот на образованието. Ова го истакна на денешната средба со жителите на општина Јегуновце, Спиро Ристовски од ВМРО-ДПМНЕ.

Овде сум, рече Ристовски, за да се договоривме и да поразговараме за идните приоритети коишто треба да следат во периодот што доаѓа и она што е од најголем интерес за општината Јегуновце и при што ние како политичка партија истото ќе го утврдиме во рамките на нашите приоритети.

Според него, изминатиот период се карактеризираше со голем број капитални проекти коишто се реализирани во рамки на ресорот образование.

spiro

– Самиот факт, што во 2006 кога ја формиравме првата влада до денеска споредбено речиси за 13 милијарди денари е зголемен буџетот во ресорот образование во онаа состојба што ја наследивме од страна на СДСМ со што само се потврдува дека фактот образованието е еден од петте основни приоритети на ВМРО-ДПМНЕ, рече Ристовски.

Во контекст на тоа, додаде дека така ќе биде и во периодот што следува. – А на 11 декември само ќе ја добиеме повторно најголемата доверба од граѓаните за да ги продолжиме сите приоритети во делот на образованието инфраструктурни коишто ќе продолжиме да ги градиме, рече Ристовски.

Многу значајно, додаде Ристовски „е што на 11 декември ќе добиеме потврда, најголема досега и на тој начин ќе продолжиме да градиме квалитетен, нацонално квалитетен и интернационално конкурентен образовен систем. – Тоа  било и ќе биде еден од врвните

 
 
25.10.2016 - 20:25

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега