Директорот на влијателниот британски тинк-тенк по средбата со Груевски: Македонија заслужува да биде дел од НАТО

Директорот на влијателната тинк-тенк организацијата Чарли Грант, по средбата со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ изјави оти верува дека Македонија ќе стане членка на НАТО што побргу.

-На НАТО му требаат повеќе земји внатре во организацијата, меѓу другото и да се зајакне сигурноста  и безбедноста во меѓународни рамки. Не гледам причина Македонија да не стане членка на НАТО што побргу, истакна Грант.

Tој се осврна и на справувањето со мигрантската криза при што истакна дека Македонија одигра клучна улога со справувањето на овој глобален предизвик.

–Европската Унија и Британската влада многу ја почитуваат улогата која Македонија ја одигра справувајќи се со бегалците на Балканот, а кој транзитираа и доаѓаа од Турција и Грција и преку балканските држави кон северна Европа. Македонија имаше конструктивна улога и сите го препознаа тоа, посочи Грант.

 
 
25.10.2016 - 21:44

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега