Симпозиум за унапредување на студентското практикантство

Симпозиум за унапредување на студентското практикантство како линк меѓу образованието и бизнисот ќе се одржи денеска во Скопје, во организација на Институтот за социолошки и политичко-правни истражувања (ИСППИ) при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј”- Скопје.

Институтот во рамките на Центарот за развој на менаџмент и човечки ресурси реализира пилот-проект за студентското практиканство. Истражувачките резултати ќе бидат претставени во рамките на симпозиумот како дел од циклусот презентации наречен „Научна среда“.

Целта на симпозиумот е да ги анимира засегнатите страни во овој процес, за да послужи како извор на важни информации кои се однесуваат на примената на практикантството и неговото влијание врз студентите на додипломските и постдипломските студии.

Идејата, како што посочуваат од ИСППИ, е да се разменат искуства и размислувања за можностите за унапредување на овој процес за да се овозможи полесен премин на младите од светот на студирањето во светот на работата, да се добијат размислувања и искуства за добри практики, кои би биле основа за понатамошно усовршување на студентското практиканство.

Воведни обраќања на симпозиумот ќе имаат директорката на ИСППИ-УКИМ Мирјана Борота-Поповска, проректорот за настава на УКИМ Вујица Живковиќ, проректорот за наука на УКИМ Владимир Петрушевски и раководителот на Секторот за научна дејност на ИСППИ-УКИМ Ганка Цветанова.

 
 
26.10.2016 - 08:25

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега