Министерот Јолевски на средба со Карпентер

       

    За време на работната посета на САД, министерот Зоран Јолевски во Пентагон оствари работна средба со заменик-помошникот на секретарот за одбрана, Мајкл Карпентер. На средбата Карпентер, најпрвин му честиташе на министерот Јолевски за одлуката на министрите за одбрана на земјите-членки на иницијативата за соработка во Југоисточна Европа (СЕДМ) Република Македонија да биде домаќин наГлавниот штаб на Бригадата на Југоисточна Европа (СИБРИГ) во периодот од 2020 – 2026 година, како и на започнување со работа на Командата на Балканските наменски медицински сили во Скопје.

 

 На средбата министерот Јолевски го запозна Карпентер со реформите што се спроведуваат во областа на одбраната. Посебно се осврна на модернизацијата на АРМ, учеството во мировните операции. Карпентер изрази задоволство од прогресот кој Министерството за одбрана го постигна во изминатиот период и воедно се заблагодари за досегашната поддршка којашто Република Македонија ја дава на НАТО мисиите. Двајцата соговорници се согласија дека идната година треба да се зголеми интензитетот на соработка во доменот на заедничките здружени вежби.

 На средбата беа разменети информации за моменталната безбедносна состојба во Ирак и Сирија, а соговорниците разменија и видување за импликациите кои збиднувањата во Ирак и Сирија може да ги имаат врз безбедносната состојба во Европа, вклучувајќи ја тука и Југоисточна Европа. На средбата стана збор и за потребата од што побрзо интегрирање на Република Македонија во НАТО,  односно за упатување на покана за одамна заслуженото членство во НАТО.

 Во текот денот министерот Јолевски оствари работна средба со американскиот генерал Џејмс Џонс, поранешен советник за национална безбедност и командант на НАТО. На средбата беа разгледани можностите околу унапредување на соработката и непосредна директна инвестиција во армискиот полигон „Криволак“ со цел зајакнување на капацитетите и прераснување на АП „Криволак“ во најелитен обучен центар во регионот на Југоисточна Европа. Со ова значително би се подигнал и квалитетот на обуката и борбената готовност на АРМ.

 

 
 
26.10.2016 - 08:44

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега