Вардар го згази Ѓорче Петров

Фудбалерите на шампионот Вардар на стартот од новото првенство постигнаа убедлива победа од 4:1 против повратникот во Првата лига, екипата на Македонија Ѓорче Петров.

Најдобар играч на синоќешниот последен натпревар од првото коло беше најдобриот стрелец од ланското првенство Јован Костовски, кој постигна хет - трик.

На другите дуели беа постигнати следниве резултати:

Металург - Работнички 0:0, 
Гостивар - Брегалница 0:1, 
Напредок - Ренова 1:1, 
Пелистер - Еуромилк 1:0 и 
Шкендија – Хоризонт Турново 0:3.

ФОТО: fkvardar.mk

најчитано сега