Полицијата казни еден куп возачи - пајакот направи парче

 

Сообраќајната полиција во текот на вчерашниот ден на подрачјето на Скопје изврши увид на вкупно 13 сообраќајни несреќи. Во девет од нив со полесни повреди се здобиле 14 лица, а кај четири сообраќајки е констатирана материјална штета.

Како што информираа за МИА од СВР - Скопје, во текот на изминатиот ден по спроведените контроли над учесниците во сообраќајот од страна на сообраќајната полиција, откриени и санкционирани се поголем број прекршоци. 

Санкционирани се двајца возачи кои не ги почитувале правилата за престигнување, 28 возачи го управувале возилото без возачка дозвола, односно нерегистрирано и девет возачи кои за време на управување на возилото не го користеле сигурносниот појас или го користеле мобилниот телефон.

Затекнати се и 56 непрописно паркирани возила.

Со помош на специјалното возило пајак, во текот на вчерашниот ден отстранети се 85 возила кои во поголема мера го попречувале нормалното одвивање како пешачкиот така и моторниот сообраќај.

Денеска со почеток во 19 часот во Спортскиот центар „Јане Сандански“ во рамките на АББА Лигата ќе се одигра меѓународен кошаркарски натпревар помеѓу  МЗТ Аеродром и КК Цедевита, Хрватска. Со цел непречено и безбедно одвивање на оваа спортска манифестација, сообраќајната полиција ќе преземе соодветни мерки за сообраќајно обезбедување. 

 
 
26.10.2016 - 09:39

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега