Трагедија во Македонија: Прегазил жена па избегал

Седумдесет и четири годишната Ќ.А. од Охрид вчера попладне била усмртена од автомобил на магистралниот пат Охрид-Кичево, кај селото Горенци.

Од полицијата денес информираат дека непознато лице управувајќи автомобил БМВ со тетовски регистерски ознаки, според кажувањето на очевидец, удрил во жената и побегнал.

Охриѓанката починала на лице место, а смртта била контатирана од лекар од итна медицинска помош.

На местото на несреќата извршен е увид во присуство на јавен обвинител, по чија наредба телото на починатата е предадено на обдукција. Полицијата презема мерки за пронаоѓање на сторителот.

 
 
26.10.2016 - 10:15

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега