Полицијата трага по возачот кој усмрти жена и избега

Во 18 часот и 45 минути на магистралниот пат Охрид-Кичево, кај  селото Горенци, охридско, се случила сообраќајна незгода во која непознато лице, (по кажување на очевидец) управувајќи возило „БМВ“, удрило во 74-годишната Ќ.А. од Охрид. Во незгодата, на местото на настанот починал пешакот.

Смрт била констатирана од екипа на Итна медицинска помош. Увид на местото на настанот  извршиле Јавен обвинител и екипа од СВР Охрид. По наредба на Јавен обвинител телото на починатата ќе биде дадено на обдукција.

За време на увидот, во периодот од 19.25 до 22.00 часот, сообраќајот бил физички регулиран со наизменично пропуштање на возилата по една сообраќајна лента.

 
 
26.10.2016 - 13:20

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега