Голема гужва во болница - скопјани масовно на вакцина

За три часа откако почна имунизацијата против сезонскиот грип, во скопскиот центар над триста скопјани примиле вакцина. Најголем број од нив се постари лица кои редовно, со години примаат вакцина.

Дамјановски Ристе кој има 80 години и е генерал во пензија, вели дека три години доаѓа да прима вакцина. Задоволен е од ефектот и вели дека не се разболува од грип, туку напротив подобрен му е имунитетот.

Др. Лилјана Лазаревска од Центарот за јавно здравје во Скопје, вели дека е очекувано најмногу гужва да имаат во првите денови на имунизацијата.

– Набавивме 5000 дози. Вакцината е препорачана за сите кои сакаат да се заштитат од грип, хронично болни, оние со намален имунитет, лица кои чуваат бебиња до 6 месечна возраст, здравствени работници, и сите кои на работните места имаат контакт со многу лица, вели др. Лазаревска, пренесе Здравство.мк.

Вакцината чини 400 денари и штити од три типа на вирусот (2А и 1Б). Државата набави 26.900 вакцини од холандски производител.

 
 
27.10.2016 - 12:35

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега