Драма во семејна куќа во Скопје: И вперил пиштол во главата и се заканил

Вооружена драма во семејна куќа во Скопје. Вчера  во 18.00 часот во полицијата во  Скопје, Х.Б.Р. од Скопје пријавила дека истиот ден околу 11.40 часот во нејзината семејна куќа непознато машко лице вооружено со пиштол извршило разбојништво врз неа. Имено, додека седела во дворот, влегол сторителот и се претставил  дека и е внук од Шведска, ја однел во летната кујна каде извадил пиштол и го вперил во неа, по што и побарал пари, соопштуваат од полицијата. 

После тоа одзел 200 денари кои биле на масата  и  и се заканил дека ќе ја убие ако повика помош, по што излегол од нејзиниот двор и побегнал во непознат правец.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот. 

 
 
27.10.2016 - 14:06

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега