Нападнат македонски градоначлник

Вчера ден околу 13.30 часот во кабинетот на градоначалникот на општина Штип дошла вработената А.Д., која му кажала дека од нејзината службена просторија без нејзино одобрение биле земени документи од страна на лицето К.П. Веднаш било побарано од обезбедувањето да го отстранат К.П. од општината. За кратко време во Кабинетот на Градоначалникот ненајавено и без одобрение влегол К.П. и упатил сериозни закани по животот и телото на градоначалникот. За настанот бил запознаен Јавен обвинител. Се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот.

 
 
27.10.2016 - 19:46

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега