Почна вакцинација против сезонски грип во Кавадарци и Неготино

Почна вакцинацијата против сезoнски грип во Тиквешко. Во Неготино за два дена се вакцинирани околу 200 граѓани, а во Кавадарци каде вакцинирањето стартуваше денеска, вакцина примиле околу 130 лица.

- Кога се во прашање кавадарчани и росоманци, вообичаено, секоја сезона имаме интерес за вакцинирање од околу осумстотини граѓани, рече доктор Ристе Јовановски, епидемиолог при Центарот за јавно здравје од Кавадарци.

Раководителот на организациската единица Неготино при Центарот за јавно здравје Велес, доктор Иванка Тодоровска, информираше дека стандардно,  очекуваат околу 680 неготинци и демиркапијци да примат вакцина против сезонски грип. Околу 230 од нив, се штитеници во Специјалниот завод од Демир Капија.

- За вакцинација се заинтересирани постари лица, хронично болните, но и помлади и деца, кои имаат препорака од лекар, соопшти Тодоровска. 

 
 
28.10.2016 - 14:11

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега