Тешка сообраќајка: Прегазен пешак во Аеродром вечерва

На раскрсницата меѓу булеварите „Србија“ и „Јане Сандански“ во населба Аеродром, вечерва, околу 20 часот, возило „сузуки“ со скопски регистарски таблички удрило во пешак.

Според првичните информации на МВР, повреденото лице со повреди е пренесено во една од скопските клиники. 

Полицијата е на местото на настанот и ќе врши увид поради што се уште не може да го соопшти идентитетот на пешакот, ниту на лицето кое управувало со возилото.

 
 
28.10.2016 - 20:41

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега