Инцидент во познат македонски ноќен клуб

Инцидент се случил вчера во позната дискотека во Прилеп. Како што информираат од МВР, 31-годишниот прилепчанец пријавил во полицијан дека околу 03,20 часот отишол во ноќен клуб и откако влегол внатре во објектот без повод и причина В.С. го нападнал со неколку  тупаници во пределот на главата и го изнел надвор од објектот, а потоа во физичкиот напад се приклучиле уште четири лица по што истите го удриле и со празни шишиња во пределот на главата.

На повредениот веднаш му била укажана лекарска помош од општата болница во Прилеп каде му биле констатирани тешки телесни повреди. 

Полциијата работи на расветлување на случајот. 

 

 
 
29.10.2016 - 14:14

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега