И вперил пушка пред нејзиното дете - велешанка преживеа хорор во својот дом

Велешанец тропнал на вратата на својата поранешна девојка и почнал да и се заканувал дека ќе ја убие пред нејзиното малолетно дете. 

Според информациите на МВР, 28-годишното момче М. Д од Велес отишол во домот на неговата поранешна девојка Ѓ.Д (37) кој од регалот од дневната соба зел воздушна пушка која претходно ја оставил и во присуство на нејзиното малолетно дете почнал да и се заканува дека ќе ја убие удирајќи со пушката по маса, потоа и ја вперил пушката во неа, и испукал еден проектил, но среќа истито завршил во регалот. Потоа со пушката ја удрил во пределот на главата, па си заминал од куќата. 

Полицијата веднаш го привела М.Д каде му бил извршен разговор и по неколку часа бил пуштен на слобода, а воздушната пушка му била одземена. 

Полцијата превезема ерки за целосно расветлување на случајот. 

 

 

 

 
 
29.10.2016 - 14:25

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега