Тешка сообраќајка во Виница, има повредени

Тешка собраќајна несреќа се случила вчера во Виница на улица Браќа Миладиновци. Несреќата се случила околу 14.20 часот, а во незгодата учествувале автомобил „Опел Корса “ со штипски регистерски таблички управувано од М.Д (26) од село Драгобраште, и автомобил „БМВ“ со бугарски национални ознаки управувано од Х.И (38) од село Калиманци и паркиран автомобил „Шевролерт Спарк“. 

Како што соопштуваат од полицијата, во незгодата двајцата возачи се здобиле со телесни повреди при што М.Д. бил пренесен во Општа болница Кочани од каде по укажаната лекарска помош бил пуштен на домашно лекување и Х.И. по укажана лекарска помош во З.Д. Виница исто така бил пуштен на домашно лекување. Бил извршен увид, а кај  Х.И по извршено алкотестирање констатирано било присуство на 2,92 % алкохол. Од двајцата возачи било земено крв и урина за анализа, додека над возилата бил извршен вондреден технички преглед. Се превземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

 
 
29.10.2016 - 14:36

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега