Утрово најладно во Берово и Маврово - еве колкави се температурите

 

Утрово во Берово и Маврово беше најладно, со измерени минус два степена, а највисока беше температурата во Дојран, 10 степени.

Според УХМР, во 7:30 часот во Лазарополе било нула степени, во Тетово и Битола еден, во Крушево, Крива Паланка и Дебар два, воСтрумица, Д. Капија, Пожаране, Пожар, Скопје - Петровец и Прилеп три, во Штип, Претор и Охрид четири, во Виница пет, во Тополчани, Ѓуриште и Скопје - Зајчев Рид шест, а во Куманово и Гевгелија седум степени.

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен северен ветер, особено вдолж Повардарието и во источните делови. Максималната температура ќе се движи од 12 до 19 степени. Во Скопје слично време со температура до 15 степени.

Како што информира УХМР, до средината на неделата ќе преовладува сончево со умерена облачност и со умерен северен ветер Во четврток кон крајот на денот и во текот на ноќта кон петок ќе има зголемување на облачноста со локален дожд

 
 
30.10.2016 - 10:19

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега