Хорор за 19 годишно момче во Скопје: Го нападнале разбојници, му се заканувале со нож на автобуска

Три непознати лица синоќа околу 21:40 часот нападнале момче додека чекало автобус на улицата „Димитрија Чуповски“ во Скопје.

Како што соопшти МВР, едно од лицата најпрво го прашал П.М. (19) колку пари има, а откако тој им ги дал сите 1.200 денари што ги носел, му се заканиле со нож, барајќи му го и часовникот. Момчето се спротивставило, по што лицата избегале од местото на настанот.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и за целосно расчистување на случајот.

 
 
30.10.2016 - 12:36

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега