Хулигани го каменуваа патничкиот воз Скопје - Кичево

- Непознати лица вчера попладне околу 17:15 часот го каменувале патничкиот воз кој сообраќал на релација Скопје - Кичево.

Како што соопшти МВР, лицата фрлале со камења од страната на железничкото стојалиште „Сарај “ во правец кон „Сулари“, во близина на село Кондово.

Од каменувањето е скршено едно странично неподвижно прозорско стакло, а повредени патници нема.

Се работи на целосно расчистување на случајот. 

 
 
30.10.2016 - 12:48

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега