Недела на италијанската книга

Институтот Данте Алигиери во соработка со Култура, Матица, Три, Или-Или, Магор, Икона, Антолог и Литература.мк од денеска до 5 ноември организира Недела на италијанската книга.

Книжарниците ќе посветат дел од својот иложбен простор на книги од италијански автори, а некои, книгите ќе ги продаваат со попуст.

Во рамки на манифестацијата која е дел од XVI Недела на италијанскиот јазик во светот, на 3 ноември, четврток, во Мултимедијалниот центар на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ ќе биде отворена и изложба на постери од студентската работилница на Факултетот за ликовни уметности и Филолошкиот факултет.

По отворањето, италијанскиот илустратор и графички дизајнер Серџо Оливоти ќе одржи видеоконференциско предавање.

 
 
31.10.2016 - 08:40

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега