Експертите анализираат: Земјотресните бранови се движат брзо - по Италија можен ли е силен земјотрес и во Македонија
Оваа серија земјотреси што ~ се случува на Италија, во науката се вика земјотресни роеви, и сметам дека овој земјотрес ќе биде и последен во овој рој. Нема да има повеќе земјотреси и секако тие нема да се префрлат на македонска територија, тоа е невозможно, вели Михаил Гаревски, директор на Институтот за земјотресно инженерство.
Тој додава дека за Италијанците е вистинска среќа што земјотрес со јачина од 6,6 степени според Рихтер и на речиси 6 километри во длабочина на земјата, удрил во планинските села каде што нема многу население и дека би имало илјадници жртви ако погодел некој поголем град.
- Земјотрес со јачина од 6,6 степени секако дека предизвикува голема материјална штета. За силата на земјотресот првично јавија дека е 7,1 степени, но подоцна беше поправено на 6,6, што е најсилен од земјотресот на 24 август во кој загинаа речиси 300 лица и кој срамни со земја неколку мали града. Иако с` уште нема информации за жртви, штетата од земјотресот секако е голема. Тоа се мали места со стари градби кои претежно служат за туризам, а населението во поголемиот дел е иселено и е во околните градови. Во близина на селцето Норци, каде што бил епицентарот на земјотресот, бев пред дваесетина дена, на покана на Италијанците, а ова селце го одбраа оти било посигурно место по земјотресот во август. Пред дваесетина дена дури се фалеа како се добро зајакнати и старите градби, немале никакви оштетувања. Но, овој земјотрес урна повеќе згради и куќи. Не слушнав дека имало жртви. Дури во околината на ова селце и земјата е распукана од силината на земјотресите што се јавувале во последните педесетина години. Kако и да е, сметам дека е доста од земјотреси, многу енергија се испразни и веќе нема да ги има барем во следните 4-5 години. Секако во следните шест месеци ќе има афтершокови и потоа сeќе се смири, вели за Дневник директорот на ИЗИС Михаил Гаревски, кој најавува дека повторно ќе оди во Италија на увид.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа