Бизарна несреќа во скопско: Го згмечил трактор

Во 08 часот и 30 минути во селото Љуботен, скопско се случила бизарна несреќа. Според податоците од полицијата, обработувајќи нива со трактор, 53-годишниот И.А. од селото застанал со тракторот сакајќи да ги исчисти плуговите, но бидејќи бил поставен на надолнина, тој започнал да се движи и иако несреќниот маж се обидел да го запре со раце, бил соборен на земја, по што тракторот му поминал преку левата страна од градниот кош и ногата.

Истиот бил пренесен во Градска општа болница „Св. Наум Охридски,“ каде му биле констатирани телесни повреди по што бил задржан во одделот за Интензивна нега на понатамошно лекување.

 

 
 
31.10.2016 - 12:27

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега