Со моторот влетал во автомобил - скопјанец се бори за живот

Во текот на вчерашниот ден, страшна несреќа се случи на булеварот Видое Смилевски Бато во Скопје. Во 15 часот и 10 минути било пријавено дека на булеварот се случила сообраќајна незгода помеѓу возило „Пежо“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 52-годишниот Б.С. од Скопје и моторцикл управуван од 19-годишниот скопјанец Б.Н.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил возачот на моторциклот кој во коматозна состојба е пренесен и задржан на лекување во Ургентниот центар - КАРИЛ.

Неговиот сопатник, 22-годишниот А.Р. бил задржан во Ургентниот центар.

Полциијата извршила увид.

 
 
31.10.2016 - 12:33

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега