Полицаец добил метална шипка во главата во центарот на Скопје

Полицаец добил метална шипка во главата, откако вчера интервенирал при нарушен ред и мир на арената Филип Втори по фудбалскиот меч меѓу Вардар и Победа, информираат од МВР

„При извршување на работни задачи - обезбедување за време на фудбалскиот натпревар помеѓу ФК Вардар и ФК Победа од Прилеп, полициски службеник од Единица за јавен ред и мир од СВР Скопје, додека интервенирал при нарушен Јавен ред и мир, од страна на непознато лице од навивачката група на ФК Победа бил удрен со метална шипка во пределот на главата. Лекарска помош му била укажана во Градска општа болница „Наум Охридски“, каде му била констатирана телесна повреда, по што бил пуштен на домашно лекување. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.“ – стои во полицискиот билтен.

 

 

 
 
31.10.2016 - 12:38

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега