Полна торба марихуана пронајдена на границата меѓу Македонија и Бугарија

21 килограм марихуана запленети на границата меѓу Македонија и Бугарија. Како што информира МВР, вчера околу 9 часот, граничната полиција на 50 метри на македонска територија кај граничниот камен 12 пронашле црна патна торба со 21 пакување од по еден килограм растителна материја за која се претпоставува дека е марихуана. 

Кој ја оставил таму и за кого била наменета нема информации.

 
 
31.10.2016 - 12:48

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега