Пејиќ: Не постои одлука за престанок на работата на Радио Слободна Европа

 

Главниот регионален директор на Радио Слободна Европа, Ненад Пејиќ излезе со реакција на веста за можно укинување на сервисите на Радио Слободна Европа за Македонија и Балканот.

Пресс24 интегрално ја пренесува реакцијата на првиот човек на Радио Слободна Европа за Балканот. 

-Не е прв пат во процесот на усвојувањето на буџетот во Конгресот на САД, од каде што РФЕ/РЛ добива финансиската подршка, да се спомнува можноста за престанок на емитување на некоја јазична програма.

Во согласност со финансиската криза и буџетскиот дефицит, во последниве години тој процес е се по комплициран. Буџетот за следната фискална година се наоѓа во Конгресот на САД и минува низ процес на усогласување. Тој е тежок, макотрпен и долго трае. Во овој момент не постои одлука за престанок на работата на било кој јазик на Радио Слободна Европа.

Радио Слободна Европа е свесна дека подрачјето на Балканот, како и некои други подрачја во светот, не се на листата на приоритети на САД, но ,исто така, смета дека нашата мисија на Балканот не е завршена и Радио Слободна Европа сака да продолжи со емитувањето на програмата на јазиците на народите на Балканот и ќе стори се на корисниците на нашите содржини и натаму да им нуди информации за Балканот, регионот и светот на начин како и досега, според принципите на професионалното новинарство.

најчитано сега