Булевар ќе поминува под зграда во центарот на Скопје - би живееле во неа?

Зградата „Макотекс“ сместена на крстосницата помеѓу улиците „Македонија“ и „Даме Груев“ ќе остане без своето приземје и прв спрат.

Предвиденото проширување на булеварот „Даме Груев“ го наложува ваквиот чекор, за да се пробие трасата на една од најфреквентните улици во Центар. Проектот е сработен во консултации со ИЗИИС па, за да се задржи статиката на зградата, потпорни столбови ќе бидат конструирани. Па така, булеварот ќе поминува под зградата, која во одреден дел ќе биде како настрешница врз коловозот. Ваквиот потег е неопходен, булеварот кој минува пред полициската станица Беко, пред Домот на воените инвалиди па се до Собранието на РМ е еден од најпрометните. Еднонасочното сообраќајно решение помага во растеретување на останатите улици низ Центар и претставува мини-обиколница околу најцентралното градско јадро. Што се однесува до зградата, сопственикот на просторот кој ќе биде урнат, ќе биде обесштетен. Како размена за деловните простории компанијата „Центро АД Скопје“ која е во стечај, ќе добир соодветна квадратура во катната гаража „Тодор Александров“.

Ваквиот потег на градските власти оди во прилог на најавата дека улицата „Димитрије Чуповски“ ќе стане пешачка зона, во делот од ТЦ Палома Бјанка до Портата Македонија.

Новопроектираниот булевар „Даме Груев“ се очекува да има 4 сообраќајни ленти, а инвестицијата ќе чини околу 5 милиони денари.

 
 
01.11.2016 - 23:57

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега