Душебаев од денеска и официјално во дресот на Вардар

Алекс Душебаев од денеска и официјално стана ново засилување на македонскиот ракометен шампион тимот на Вардар. Тој во следните две сезони ќе го носи новиот дрес на врвено-црните. 

- Мислам дека потпишав за добра екипа, која ќе игра во Лигата на шампионите и во СЕХА лигата. Можев да бидам и дел од Хамбург, истакна Душебаев.

Синот на познатиот Талнат Душебаев тренерот на Атлетико Мадрид, кој во моментов има 21 година и игра на позицијата десен бек сезоната ја стартуваше со „јорганџиите“ но поради финансиските проблеми соработката беше прекината. 

- Требаше да тренирам со татко ми, но оваа сезона не се случи тоа поради проблемите. Никогаш не се знае можеби во иднина ќе ми биде и тренер. Тој сепак ми даде совети дека ова е добар тим каде ќе можам да напредувам, рече Алекс.

Вардарци кои во моментов се на подготовки во Крањска Гора, попладнево ќе се засуилат и со Душебаев, кој досега беше дел од репрезентацијата на Шпанија, која на младинското Светско првенство го освои второто место. 

Првиот човек на Вардар, Сергеј Самсоненко во врска со голманската позиција, која не е пополнета најави дека наскоро ќе се случи и тоа.

- Ние ја комплетираме екипата. Ќе има и засилување и на голманската позиција. Или тоа ќе биде врвен голман или ќе биде млад и талентиран. Но наскоро ќе биде познато. 

најчитано сега