Откриен идентитетот на загинатите кај Зајас - меѓу нив малолетник

 

Трагедија синоќа ја потресе Македонија, три лица заминаа во смрт. Три лица на возраст од 16, 19 и 46 години го загубија животот во сообраќајната несреќа која вчера попладне се случи на магистралниот пат Гостивар-Кичево, кај Зајас, откако 46-годишниот З.З. од кичевско Колари управувајќи „Форд ескорд“ удрил во задниот дел од неосветлен трактор натоварен со дрва кој го управувал 66 годишниот Џ.Ј.

На лице место за жал, животот го загубиле возачот на „Фордот“ и двајцата сопатници, 16 годишниот Х.А. и 19-годишниот А.В. 

Телата на починатите се предадени на обдукција. 

 
 
03.11.2016 - 09:57

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега