Метеоролозите најавуваат снежна зима: Кога ќе падне првиот снег во Скопје

По пролетните температури кои метеоролозите ги најавуваат за викендот и почетокот на идната недела се чини вистинската есен доаѓа кон средината на ноември.
Временските услови ќе бидат нешто налик на оние кои ги имавме до вчера, со ниски вечерни и утрински температури и дневни околу 12 степени.
Најавите се дека повремено ќе има врнежи од дожд, а првите услови за снег метеоролозите ги најавуваат за крајот на ноември. Во последната недела од месецов, температурите нема да надминат 4 до 5 степени како максимална вредност што ќе создаде услови да завее снег, но не се очекува формирање на снежна покривка бидејќи истовремено ќе врне и дожд.
Слично време, во кое ќе преовладуваат услови за врнежи на мешавина од дожд и снег се очекува и во декември.

 

 

 
 
03.11.2016 - 11:42

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега