Каменолом во кичевско, нови вработувања

Нов каменолом, кој ќе работи по сите европски стандарди, ќе почне со работа од март следната година лоциран во месноста Пополачни, Кичевско.

Во тек се последните подготовки за изградба на овој капацитет, кој е целосно домашна инвестиција во вредност од 2 милиони евра.

Во овај производствен капацитет се очекува да се вработат околу 20 луѓе. Производството однапред има обезбеден пласман, информира сопственикот на фирмата.

Инвеститор е фирмата „Lois-Gamstone„ сопственост на познат кичевски бизнисмен.

 
 
03.11.2016 - 12:35

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега