Драма во Кисела Вода: Излегле од затемнето комбе и го претепале

 

Во 19 часот и 50 минути синоќа, во полиција од Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ било пријавено дека кај нив бил донесен 33-годишниот С.Р. од Скопје.

Скопјанецот имал повреди нанесени од физички напад кој се случил во населбата Кисела Вода. Тој бил со такси возило кога бил нападнат од две непознати лица, кои биле со комбе со затемнети стакла. Истите го удирале со нозе, тупаници и дрвен предмет.

Се преземаат мерки за расчистување на настанот.

 
 
03.11.2016 - 13:32

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега