Тетово: Го избоделе со нож зошто сакал да помогне на куче
24-годишниот Е.Љ. од Тетово заработи кривична за загрозување со опасно орудие при тепачка или караница. Во 20.30 часот на улицата „Иво Лола Рибар“ тој со пријател седел во кафетерија со А.А. од Тетово. Тогаш дошол 32-годишниот И.М. од Тетово, го врзал кучето на едно од тркалата на возило „Поло“ и седнал соседната маса до Е.Љ. на патничково возило „Поло“ сопственост на А.А. Кога тргнале да си одат, иако забележале дека кучето е врзано за тркалото, започнале да се движат со возилото. Откога И.М. забележал што се случува започнал вербална расправија со пријавениот, кој физички го нападнал удирајќи го со нога во пределот на стомакот. По ова пријавениот извадил нож со кој на оштетениот му задал два удари во пределот на раката и во пределот на грбот при што му биле нанесени телесни повреди. После тоа оштетениот веднаш бил упатен во Клинички центар Тетово каде му била укажана лекарска помош.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа