Тодоров: Дали има друг министер што во негов мандат започнал и завршил нова болница комплетно?

Има многу проекти кои се направени за подобрување на состојбата во здравството, но интересно е што опозициската СДСМ се` негира, рече министерот за здравство Никола Тодоров во дебатната емисија „Акцент“ на МРТ.

Тодоров потенцираше дека не постои друг министер од осамостојувањето на Р. Македонија до денеска кој што во негов мандат започнал и завршил нова болница комплетно.

-Тоа што за првпат се изгради болница од корен, од почеток до крај, тоа е детската болница во Козле и тоа не чини. Дали има друг министер во независноста на Македонија до денеска што во негов мандат започнал и завршил нова болница комплетно, рече Тодоров.

Посочи дека на за СДСМ не чини и тоа што има магент во битолската болница, нов компјуртер, што се реконструира болницата, и што се покачила платата на лекарите за 25 %.

Додаде дека за СДСМ не чини и тоа што се намалија цените на лековите, тоа што се направи Кардиохирургија во државата, се направи Детска кардиохирургија, што постои рурален доктор, се отворија рурални аптеки во 67 места каде што никогаш немало аптеки.

– Се што е направено се нагира, Штипската болница се гради и тоа не чини, сега се направи нов ултра модерен центар за физикална рехабилитација во болницата 8 Септември, подвлече Тодоров.

 

 
 
03.11.2016 - 22:49

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега