УХМР со детална прогноза: Каде „истури" најмногу дожд?

Во изминатото деноноќие најмногу дожд наврна во Пожаране. Според мерењата на УХМР во Пожаране се наврнати 24 литри на метар квадратен, во Тетово 18, во Маврово 17, Скопје 16, Крушево 13, Дебар 12, Лазарополе 11, Охрид 8, Ѓуриште 7, Штип 6, Виница 5, Берово и Куманово 4, Тополчани, Прилеп и Струмица 3, Претор 2 и во Битола и Демир Капија 1 литар на метар квадратен.

Утрово преовладува облачно време, слаб дожд има локално. На планините дува слаб умерен ветер од јужен правец.  

Времето денеска ќе биде променливо облачно, претпладне со слаб локален дожд. Ќе дува слаб ветер претежно од јужен правец. Температурата ќе се движи  од 3 до 9, а максималната од 13 до 19 степени.

Во Скопје ќе биде  променливо облачно со слаб до умерен ветер од јужен правец. Температурата ќе се искачи до 14 степени.

 
 
04.11.2016 - 08:52

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега