Денеска јадете јачменов леб за да ги сфатите мудрите зборови на Св. Аверкиј

Денеска православните христијани го празнуваат Св. рамноапостол Аверкиј.

Црквата го нарекува рамноапостол заради неговите успеси во проповедта на Евангелието, слични како на апостолите. Во време на император Антонин беше епископ во Ерапол, Фригија. Заради неговиот доблесен живот и чудата што ги правеше во Христово име, малку по малку се крсти целиот Ерапол, инаку до тоа време скоро чисто пагански град. На старост бил повикан во Рим, каде што ја исцелил полудената царева ќерка. Го проповедал Евангелието и во Сирија и Месопотамија. Овој Христов светилник се пресели во небесните населби кон крајот на вториот век, откако доживеа длабока старост.

Кога Аверкиј исцелил некој кнез од нечистиот дух, тој сакал да му поклони десет литри злато. Светителот не го прими златото, туку му покажа леб од јачмен на кнезот и му рече:

„Тие кои се хранат со ваков леб, на златото гледаат како на кал!“

Во староста Аверкиј во Рим ја исцелил ќерката на царот, па тој му подарил голема награда, а светецот му рекол:

„Не му е потребно богатство на оној кој лебот и водата ги смета за царски оброк“.

 

 
 
04.11.2016 - 09:30

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега