ВИДЕО: Просветниот инспекторат отвори постапка против професорката од Велес

Државниот просветен инспекторат отвори постапка против професорката портпарол на СДСМ во Велес поради сомнение дека злоупотребила свој ученик за партиски цели. Инспекторите ќе проверуваат, дали професорката го присилила својот ученик да лаже пред камерите дека не му даваат храна во интернатот за подоцна, СДСМ да може преку своите медиуми да креира медиумски скандали.

Реакцијата на просветниот инспекторат следи откако вчера, родителите на ученикот Зоран преку Сител објавија дека нивниот син е жртва на политичките амбиции на неговата класна раководителка.

Од локалната самоуправа велат дека се згрозени од постапката на професорката Весна Богоевска

Со реакција денеска се јави и владејачката партија. Од таму велат овој случај е доказ дека во СДСМ не постои ниту политички ниту човечки морал и покажува колку ниско е подготвена да падне опозицијата за да заработи некој политички поен повеќе

За телевизискиот прилог во кој беше објавена изјавата на средношколецот од Велес реагираше и македонската асоцијација на новинари. Од таму велат дека злоупотребата на деца во политички цели е прекршување на професионалните стандарди на новинарското известување и апелираат, медиумите да на се ставаат на услуга на партиските кујни.
Професорката Богоевска вчера за Сител ги демантираше обвинувањата, но денеска, откако просветниот инспекторат најави дека ќе отвори постапка, одби да даде било каков коментар.

 

 
 
04.11.2016 - 16:57

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега