Наутро магла, попладне дожд - еве какво време не очекува викендов

Времето утре во Македонија ќе биде променливо облачно со почести сончеви периоди во централните делови од земјата. Наутро во котлините по некаде ќе има појава на утринска магла, а попладне ќе има услови за краткотраен дожд на северозападот и на крајниот југоисток. Ќе дува слаб претежно јужен ветер.

Утринската температура ќе се движи од четири до девет, а дневната од 15 до 20 степени.

Во Скопје ќе преовладува променливо облачно време со слаб претежно  југоисточен ветер, а наутро во делови од котлината ќе има услови за појава на магла.

Утринската температура ќе се сушти до четири, а дневната ќе се искачи до 17 степени.

За време на викендот ќе преовладува стабилно и релативно топло време.

Од понеделник ќе преовладува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд со променлив интензитет, а на места ќе бидат и пообилни. Локално ќе биде нестабилно и облачно особено на југозападот од земјата со пороен дожд и ретки грмежи. Ќе дува умерен, повремено засилен јужен ветер. 

 
 
04.11.2016 - 17:18

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега