Груевски се сретна со европратеникот Фленкенштајн

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски денеска оствари средба со европратеникот Кнут Фленкенштајн.

На средбата соговорниците разговараа за актуелните состојби во државата, одржувањето на изборите како и европските перспективи на Република Македонија.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Груевски истакна дека единствен начин за излез  од политичката криза е одржување на престојните избори на кој граѓаните ќе може да одлучат за сопствената иднина, базирано врз конкретна програма и проекти кои што ќе бидат понудени и се приоритет за ВМРО-ДПМНЕ.

Груевски посочи дека ВМРО-ДПМНЕ е посветена кон понуда на проекти кои ќе гарантираат напредок и продолжување на борбата за подобар стандард за грааѓните.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Груевски истакна дека е потребна посветеност и одговорно однесување  на сите субекти во градењето на атмосфера за кредибилни и демократски избори.

Во однос на европските перспективи Груевски посочи дека за ВМРО-ДПМНЕ членството во Европската Унија е стратешки интерес и дека ќе се продолжи со напроите за придвижување на сстојбите на тој план преку активна реализација на мерките и чекорите предвидени  со акцискиот план.

 

 
 
04.11.2016 - 18:04

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега