Тодоров: Двојно поголем бројот на пациенти на Државна кардиохирургија од лани

Бројот на хоспитализирани и третирани пациенти на Државната клиника за кардиохирургија досега е веќе двојно поголем од вкупниот број паценти минатата година, изјави при денешната посета министерот за здравство Никола Тодоров. 

- Тоа докажува дека Државната кардиохирургија се повеќе добива на одличен глас кај пациентите и се повеќе веруваат и одбираат да бидат третирани на Државната кардиохирургија на Клиничкиот кампус „Мајка Тереза“ во Скопје, рече Тодоров.

Посочи дека проектот одлично функционира и Клиниката се развива подобро од очекуваното, како и дека постојано има нови достигнувања и освен кардиохируршки интервенции се прават васкуларни процедури.

- Честитки на докторите за одличната работа и посветеноста, за многуте спасени човечки животи и за ентузијазмот што го покажуваат, но и посветеноста за натамошен развој на Клиниката, рече Тодоров.

Нагласи дека на Клиниката се помага на различни категории пациенти, додека најмладиот опериран пациент е на 20 години, кој е третиран и веќе отпуштен од Клиниката во добра состојба. 

 
 
06.11.2016 - 14:47

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега