Меѓународна научна конференција по повод 35. години Институт за македонска литература

Меѓународна научна конференција „Критика и молк: читање на македонската литератураи култура“ ќе се одржи денеска и утре во Македонската академија нанауките и уметностите по повод 35. години од основањето на Институтот за македонска литература при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“.

Во фокусот на конференцијата, како што е најавено, ќе биде прашањето за тоа како се препознаваат, како се негуваат и како се обликуваат трајни вредности, процесите на толкување и валоризација на современата култура, во национални рамки и на глобално ниво.

Институтот за македонска литература, со својата целокупна дејност во изминатите 35 години постоење директно е вклучен во детектирањето, негувањето и научното проследување на трајните вредности на македонската литература и култура. 

 
 
07.11.2016 - 08:33

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега