Јолевски на состанок на Централно европска одбранбена соработка

 

Министерот за одбрана на Република Македонија, Зоран Јолевски, заедно со делегација од Министерството денеска во Виена, Австрија ќе присуствува и ќе се обрати на состанок во формат Централно европска одбранбена соработка + Македонија, Бугарија, Црна Гора и Србија.

На состанокот, како што соопшти Министерството за одбрана, ќе присуствуваат министрите за одбрана на земјите од Централно европската одбранбена соработка и Македонија, Бугарија, Црна Гора и Србија, а ќе стане збор за развојот на состојбата во однос на мирантската криза, стабилизацијата на Западниот Балкан и стратегијата на надворешната и безбедносната политика на Европската Унија. 

 
 
07.11.2016 - 08:36
Фото: 
МИА

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега