Димитриев-Фрај: Партиите да ги прифатат изборните резултати за влада за реализација на приоритетите

Претседателот на Владата за спроведување на изборите Емил Димитриев денеска се сретна со Торстен Фрај, пратеник во германскиот Бундестаг од редовите на ЦДУ/ЦСУ и главен известувач во Бундестагот за Република Македонија.

На средбата, како што информира владината прес-служба, се поздравени добрите билатерални односи меѓу двете држави и е истакната заложбата за континуирано унапредување и продлабочување на соработката во секоја сфера од взаемен интерес.

Двете страни ја истакнале значајноста и потребата за организирањето фер и демократски избори. Премиерот Димитриев ја афирмирал фокусираноста на Владата за организирање кредибилен изборен процес и го истакнал јасниот владин став за поддршка на работата на Државната изборна комисија за прашањата за кои комисијата изразува таква потреба.

Двајцата соговорници се согласиле дека сите политички партии треба да имаат позитивен пристап кон градењето доверба во изборниот процес и оти треба да ги прифатат резултатите од изборите со цел креирање политичка влада која ќе има полн фокус на приоритетите за развој на економијата, реализацијата на стратешката определба за членство во ЕУ и НАТО и реформите за унапредување на стандардите коишто се од значење за европските и евроатланските интеграции.

На средбата станало збор и за менаџирањето на ефектите од мигрантската криза при што премиерот Димитриев посочил дека крајот на домашната политичка криза ќе обезбеди и дополнителен квалитет во надминувањето на актуелните и на потенцијалните предизвици во врска со мигрантите. 

 
 
07.11.2016 - 12:31

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега