Одбиен предлогот на СЈО за одземање на пасошот на Канческа-Милевска

Кривичниот совет во Основниот суд Скопје 1 – Скопје денеска го одби предлогот на Специјалното јавно обвинителство за мерки за претпазливост против двајца осомничени во предметот „Тендери“.

Првоосомничена во овој случај е министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска, која на прес-конференција неодамна истакна дека сите проекти се чисти како солза и покажа соодветна документација. 

- Се работи за набавка која не се однесува за изградбата на објектот, за Музејот на Макдонија, туку за партерното уредување, вели министерката за култура.

Таа вели дека  без аргументи и докази од СЈО е објавено обвинение за предмет кој не е истражен.

 
 
07.11.2016 - 13:03

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега