Груевски: Четири нови странски инвестиции ќе отворат над 1300 нови работни места

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ вчера најави дека во Македонија влегуваат четири нови странски инвестиции, кои ќе отворат над 1.300 нови работи места.

Чешка компанија која се занимава со железнички транспорт и шински возила донесе одлука да инвестира во Македонија и да вработи најмалку 600 невработени лица, при што во првата фаза ќе се вработат 150 до 200 лица, објави вчера лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, во својот говор по повод 17-тата Годишна конференција на Унијата на жени.

Груевски додаде дека тие планираат да отворат нов погон за одржување на шински возила во Скопје, со кој ќе ги сервисираат активностите поврзани со железнички транспорт на компанијата во повеќе земји од поширокиот регион.

-Се планира инвестиција во вредност од 20 милиони евра, и се очекува изградбата да почне во првата половина на 2017-та, и за неполна година да започнат со работа. Поранешниот инвестициски промотор во Јапонија, кој пред две години се врати и го ангажирав во мојот кабинет во Владата во секторот за привлекување инвестиции при кабинетот, Бојан Петровски ја води оваа инвестиција. Имаме дозвола да го кажеме и името на компанијата: се вика Локо Транс, објави Груевски.

Втора добра вест, додаде Груевски, е што американската корпорација, американска компанија влегува на македонскиот пазар отворајќи канцеларија во Битола со план да вработи 300 лица. -Тие обезбедуваат техничко административна поддршка на осигурителната индустрија, маркетинг услуги и преку социјалните медиуми, и медицинско кодирање на итни центри за грижа во Америка. Она што е предност е што ќе се вработат млади и добро квалификувани дипломци за што ќе се обезбеди и професионален тренинг. Оваа инвестиција ја води министерот Џери Наумоф, чие потекло е од битолско, и видно забележливи се неговите намери и напори да донесе повеќе инвестиции за Битола, рече Груевски.

Трета добра вест е за Крива Паланка. Словенечка компанија во браунфилд објект ќе отвори производство на ранци за деца кои ќе ги пласира на европскиот пазар. За почеток ќе започнат со 50-тина вработувања со развојни планови за раст и за градба на гринфилд објект. Исто така оваа инвестиција ја обезбеди Џери Наумоф.

-Четврта добра вест е што американската компанија Амфенол, почнува со градба нов погон за автомобилски делови во Кочани. Амфенол веќе има две фабрики и три погони во Кочани. Градбата на трета фабрика односно четврт погон треба да заврши во средината на 2017-та и да отвори нови директни 400 работни места, плус индиректни кои секогаш доаѓаат со директни. Со сите нивни фабрики постоечки и новата Амфенол ќе достигнат 2.500 нови вработувања. Оваа инвестицијата ја обезбеди Христијан Делев, заклучи Груевски.

 
 
07.11.2016 - 13:40

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега