Нови пет противпожарни возила за територијалните единици

 

Штип, Велес, Крива Паланка, Тетово и Кривогаштани денеска добија противпожарни возила со помал капацитет на вода за непристапни места од Дирекцијата за заштита и спасување на Република Македонија (ДЗС).

Директорот на ДЗС Шабан Салиу информира дека покрај возилата пик-ап кој се опремени со топови за гасење пожар, територијалните противпожарни единици ќе добијат и хидраулични апарати кои служат вадење жртви во големи сообраќајни несреќи.

- Со оваа донација сакаме да помогнеме професионалните територијални единици да бидат максимално оперативни, а посебно внимаваме вакви помали возила да доделиме на оние општини коишто имаат тесни улици и потешка пристапност на големите возила, истакна Салиу.

 

Сетови од хидраулични апарати денеска добија Град Скопје и општините Кочани и Гостивар

 
 
07.11.2016 - 13:41

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега