Силно невреме во Македонија - се разбудивме со грмотевици

Времето во Македонија ќе биде претежно облачно со засилен јужен ветер и со појава на врнежи, најинтензивни во западните делови од земјата. Наместа врнежите, особено на запад ќе бидат повремено поројни и проследени со грмежи, по некаде во форма на невреме.

Утринската температура ќе се движи од 10 до 14, а дневната од 14 до 22 степени.

Во Скопје ќе биде претежно облачно со врнежи од дожд кои повремено ќе имаат пороен карактер и ќе бидат проследени со повремено засилен јужен ветер, а ќе има и услови за појава на ретки грмежи во Скопската котлина. Утринската температура ќе се спушти до 10, а дневната ќе се искачи до 19 степени.

Во среда ќе започне да дува северен ветер кон крајот на денот и тој ќе предизвика значително опаѓање на температурата.

Во четврток на планините на север и на запад ќе има услови за слаби врнежи од снег. 

 
 
08.11.2016 - 09:16

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега